Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на топ вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Салата на УКИМ од 2.5 милиони евра демолирана и претворена во јавно веце додека институциите се расправаат на суд

Срча, отпад, демолирани кошеви и столчиња, градежен шут… вака денес изгледа спортската сала наменета за Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (УКИМ) изградена пред 3 години на кампусот зад Економскиот факултет. Во неа сега може да влезе кој сака, бидејќи е оставена без врата. Објектот чии темели беа поставени во 2013 година целосно е запуштен, руиниран и оставен на милост и немилост како јавен нужник.

За изградбата на салата, за која е надлежна Агенцијата за млади и спорт (АМС) и беше дел од проектот за изградба на 35 спортски сали од Владата, беа издвоени 2,5 милиони евра од државниот буџет.

Салата на УКИМ од 2.5 милиони евра демолирана и претворена во јавно веце додека институциите се расправаат на суд

2. Кој земаше највисока, а кој најниска плата во септември? [Инфографик]

Просечната нето-плата во септември 2022 година во Северна Македонија изнесувала 32.553 денари, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Оваа цифра е за 12% повисока од просечната нето плата за истиот месец лани.

Ние направивме листа од десетте најмногу и најмлаку платените дејности според последните податоци на статистичарите. Визуелниот приказ на податоците погледнете го во продолжение:

Кој земаше највисока, а кој најниска плата во септември? [Инфографик]

3. [Фото] МОФ: На прво место – безбедноста на глувите и наглувите ученици од ДУЦОР „Партенија Зографски“

Глувите и наглувите ученици од ДУЦОР „Партенија Зографски“ од општина Гази Баба конечно можат безбедно да стигнат во училиште. Од Младинскиот образовен форум посочуваат дека тоа е овозможено бидејќи Булеварот „Александар Македонски“ добил семафори, а претходно на делот со фреквентната улица „Благоја Стефковски“ биле поставени и лежечки полицајци, знаци и вибрациски ленти за намалување на брзината.

Од МОФ нагласуваат дека ваквите измени се резултат на барањата на глувите и наглувите ученици од Клубот за демократско учество уште пред повеќе од една година, поддржан од Фондацијата за демократија на Вестминстер.

[Фото] МОФ: На прво место – безбедноста на глувите и наглувите ученици од ДУЦОР „Партенија Зографски“

4. Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година

Македон ДимитровскиАлексиј Тасиќ, Нина КостовскаНаталија ТеодосиеваАндреј РистескиГордана ГеоргиеваВиктор Стојкоски и Иван Антоновски се добитници на признанието „Успешни млади“ за 2021 година кое го додели претседателот Стево Пендаровски.

Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава.

Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година

5. #Поларис: Трансхуманизам – за човештвото +

Во новиот текст на Марјан Болтевски тој пишува за нашите можности и за еден од нашите најголеми предизвици: дали може да се надградиме?

#Поларис: Трансхуманизам – за човештвото +