Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа недела, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. Македонската CS:GO репрезентација го освои Светското првенство на IESF

Македонската „Counter Strike:Global Offensive“ репрезентација го освои Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација.

Тимот составен од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“ го освои првенството откако ја победи репрезентацијата на Романија, со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“.

Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции.

Македонската CS:GO репрезентација го освои Светското првенство на IESF

2. Се бара правда за загинатите битолчани во сообраќајката кај Охрид – најавено воведување ново кривично дело

Двајца битолчани минатата година влегоа во вкупниот број од 125 лица кои загинале во сообраќајни несреќи. Несреќата која се случила на 16 август на патот од Охрид кон Свети Наум оставила траума и за три други сопатнички на загинатите кои биле тешко повредени.

За овој случај пошироката јавност дозна преку Фејсбук објава на нивниот другар Стефан Мицевски која за кратко време стана вирална. Како што тврди тој, на 20 октомври Основниот суд во Охрид донел пресуда со која виновниот во сообраќајката бил осуден на условна затворска казана од 4 години, со дополнителна казна од 3.000 евра.

Се бара правда за загинатите битолчани во сообраќајката кај Охрид – најавено воведување ново кривично дело

3. Студентите се задоволни само од теоретската настава, бараат пракса и инфраструктурни услови

Законот за високо образование стапи на сила пред повеќе од три години, а роковите за основање на државните органи и тела истекоа пред повеќе од две, како и нивните шестмесечни периоди за креирање на правната рамка. Но, и понатаму во уредувањето на одредени клучни прашања за обезбедување на квалитетот недостасуваат подзаконски акти.

Ова денеска го истакнаа професори-истражувачи кои го претставија документот за јавни политики насловен „Унапредување на квалитетот на високото образование – студентски перспективи“. Во неговата изработка се вклучија проф. д-р Зоран Велковски, проф. д-р Неда Здравева, проф. д-р Мира Беќар и Борјан Ефтимов.

Според нивното истражување, студентите се задоволни од квалитетот на високото образование, но единствено во делот што се однесува на теоретската настава.

Студентите се задоволни само од теоретската настава, бараат пракса и инфраструктурни услови

4. И пет години од основањето, нема зграда за Универзитетот „Мајка Тереза“

И пет години години од основањето на Универзитетот „Мајка Тереза“, нема ништо на видик од изградбата на грандиозната зграда за установата, со базен и вкупна површина од над 20 000 квадрати.

Наместо оваа зграда, во меѓувреме беше изготвен проект за реконструкција на објект од Касарната Илинден, со вкупна нето површина од 2614 квадрати, каде се предвидува сместување на техничко-технолошките факултети во склоп на овој универзитет. Во предлог буџетот за „Мајка Тереза“ за 2022 година, пак, се предвидени околу 2 милиони евра за градежни објекти, додека само договорот за основен проект за грандиозниот објект чинеше скоро 1 милион евра.

И пет години од основањето, нема зграда за Универзитетот „Мајка Тереза“

5. Какви се вело-паркинзите во скопските средни училишта [Мапа]

Велосипеди врзани на ограда наместо на вело-паркинг се честа глетка во скопските средни училишта. Иако најголемиот број од училиштата имаат поставено ваков паркинг, сепак мал е бројот на ученици кои одлучуваат со велосипед да одат на училиште.

Дел од нив, поради немањето соодветна вело-инфраструктура од домот до училиштето, но дел и поради тоа што се сомневаат во безбедноста на вело-паркинзите во училиштата, покажа Инстаграм анкетата на Радио МОФ, направена меѓу скопските средношколци. Така, 35 отсто од средношколците одговориле дека немаат паркинзи во нивното училиште.

Какви се вело-паркинзите во скопските средни училишта [Мапа]

Бонус – [Став] Децата да не ги прашуваме што сакаат да бидат, туку како ќе помогнат кога ќе пораснат

„Неодамна проследив интересен онлајн Форум, каде една работа ми остана во глава, многу важна и есенцијална: „Децата веќе не треба да ги прашуваме што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Туку, кои проблеми сакаат да ги решат кога ќе пораснат. Каде и како сакаат да помогнат“. Оваа констатација излезе од уста од еден говорник, ми влезе во едното уво и не ми излезе од другото. Остана во глава. Уште ми „зуи“. Бидејќи, погоди во центарот за она што треба да значи генерациска ангажираност, во склоп со локалната развојна демократија“, вели во својата колумна новинарот на Радио МОФ, Бојан Шашевски.

[Став] Децата да не ги прашуваме што сакаат да бидат, туку како ќе помогнат кога ќе пораснат