Македонската CS:GO репрезентација го освои Светското првенство на IESF

Македонската „Counter Strike:Global Offensive“ репрезентација денеска го освои Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација.

Тимот составен од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“ го освои првенството откако ја победи репрезентацијата на Романија, со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“.

Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции.

Македонија претходно ја победи Украина освојувајќи две од три мапи и со тоа се пласира во финалето на првенството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio MOF (@radiomof)

Светското првенство се одржа од 16 до 18 ноември во Еилат, Израел каде учествуваа 11 тима. Репрезентацијата на Македонија која го освои првото место освои 10.000 долари, додека Романија освои награда од 6.000 долари. Третопласираните, односно репрезентацијата на Украина освои 4.000 долари.