Македонија е европски шампион во „Counter Strike: Global Offensive“

Македонија ја одбрани титулата европски шампион во „Counter Strike: Global Offensive“ (CS:GO), откако вечерва ја победи Украина со 2 наспроти 1 во мапи. Македонската репрезентација, односно тимот „BLUEJAYS“ го освои Европското првенство откако победи на решавачката мапа „Vertigo“ со 16 наспроти 13.

Македонија изгуби на првата мапа, „Dust2“ со 5 наспроти 16, а потоа победи на мапата „Mirage“ со резултат од 16 наспроти 5.

Репрезентацијата освои 10.000 долари на Европското првенство кое претходните неколку денови се организираше во романскиот град Орадеа, од „Digital Crusade“ и Европската еспорт федерација.

Претходно, Македонија се натпреваруваше со четири репрезентации, односно против Луксембург, Шведска, Шпанија и Србија, и издвојува победи над сите.

На европското првенство во Орадеа се натпреваруваа 16 тимови, а целокупниот награден фонд беше 25.000 долари.