Македонската CS:GO репрезентација оди во финалето на Светското првенство на IESF

Македонската „Counter Strike:Global Offensive“ репрезентација со победа над Украина се квалификуваше во финалето на Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација која се одржува во Еилат, Израел.

Мечот меѓу Македонија и Украина се играше на три мапи „Мираж“, „Даст 2“ и „Инферно“, каде македонските играчи триумфираа на две од трите мапи.

Репрезентативците на Македонија финалниот натпревар ќе го играат со екипата на Романија кој е предвиден да започне во 16 часот. Натпреварот може да се проследи преку стримот во живо на Македонската еспорт федерација.

На првенството кое се одржува од 16 до 18 ноември учествуваат 11 тима. Главната награда изнесува 10.000 долари, второто место носи награда од 6.000 долари, додека третопласираните, односно репрезентацијата на Украина освои 4.000 долари.