Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа работна недела, Радио МОФ ви го претставува нашиот избор на ТОП 5 вестите за изминатата недела, од областа на образованието, културата, граѓанското општество, политиката, животната средина…

Што ги одбележа изминатите седум дена, прочитајте во продолжение:

1. [Инфографик] Ветер во грб за опозицијата – како се менуваа градоначалниците на последните три избори

Имавме избори, премиерот најави оставка, а во меѓувреме Радио МОФ анализираше како се распределени градоначалничките мандати на локалните избори, чиј втор круг се одржа минатата недела. Избравме 2 градоначалнички, наспроти 79 градоначалници.

2. [Интерактивна мапа] Што ветија новите градоначалници за младите?

А кога сме кај градоначалниците, проверивме со кои ветувања ги освоија гласовите на граѓаните, со фокус на младите. Младински центри, библиотеки, велосипедски патеки, кино сали, технолошки и скејт паркови… Ова се само дел од проектите кои новите градоначалници ги ветија за младите во нивните изборни програми.

3. „Победата е слатка“ – Дора Смилевска и Леона Змајшек го освоија дебатниот турнир на МОФ

Средношколките Дора Смилевска и Леона Змајшек се победничкиот тим на финалниот дебатен турнир што се одржа викендов во организација на Младинскиот образовен форум и Институтот за комуникациски студии.

Тие дебатираа на тезата „Овој дом би го приватизирал управувањето со водните ресурси” со уште три тима. Како дел од првиот опозициски тим, ја застапуваа страната зошто би било порационално управувањето со водните ресурси да не биде приватизирано.

4. [Видео] Социјалниот центар „Дуња“ прослави пет години постоење

Социјалниот центар „Дуња“ во саботата прослави пет години постоење со различни настани како изложба на фотографии, размена на книги, заедничко готвење, дискусија, квиз и музика.  Што претставува центарот и како изгледаше прославата, погледнете повеќе во видеото на Радио МОФ каде зборуваме со активистката Џејлан Велиу.

5. [Видео] Инста(нт) вести на Радио МОФ 1.8

Објавивме и нови Инста(нт) вести, а по неколкумесечна пауза наш водител овој пат е Филип.  А во нив, зборуваме за последните општествени случувања, ноќните клубови, студентскиот оброк, но и за еден нов кул рок бенд и супер изложба.