Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. Загадувањето на Националниот парк Шар Планина го загрозува неговиот туристички потенцијал

Речиси три години откако Владата го прогласи за Национален парк, Шар Планина сè уште не добива соодветно и сериозно внимание од институциите за неговото одржување. Овој парк веќе подолго време се соочува со проблемот на загадувањето кој ја уништува природата, додека во еден дел од паркот отпадот воопшто не се собира. Надлежните институции вината си ја префрлат од еден на друг. Во меѓувреме, како изговор за тоа, се зема недостигот на инфраструктура која оневозможува возилата да одат до најдлабоките села за да го собираат отпадот. Според екологистите, загадувањето на Шар планина го загрозува не само здравјето на граѓаните, туку и туристичкиот потенцијал на овој парк, а како решение се бара зголемување на бројот на инспектори за животна средина.

Загадувањето на Националниот парк Шар Планина го загрозува неговиот туристички потенцијал

2. Театарот под лупа на културните работници: Колку е важен и дали нешто му недостасува?

Како една од најстарите форми на уметничко изразување, концептот на театар свој меѓународен ден добива во 1961 година, кога Меѓународниот театарски институт одлучува 27 март да го прогласи за Светски ден на театарот.

По повод 27 март, секоја година се испраќаат театарски пораки.

За тоа зошто е важен театарот и што им недостига на театарџиите кај нас за да биде подобро, ние одлучивме да прашаме неколку театарски и културни работници.

Театарот под лупа на културните работници: Колку е важен и дали нешто му недостасува?

3. Фестивал на јапонска култура „Сакура“: Приказна за непостојаноста на убавината

„Сакура“ е новото име на фестивалот на јапонска култура, трети по ред, кој ќе се случи на 1 јуни во Младински Културен Центар (МКЦ), во организација на Јапан@мк.

„Под слоганот ‘Расцути ја иднината’, фестивалот оваа година ќе даде фокус на јапонското учење за тоа како да ја почитуваме природата и да создадеме подобра иднина за сите, фрлајќи светло на нашата лична одговорност и ангажираност за тоа каква иднина ќе доживееме како заедница“, посочува Билјана Кочоска, основач на организацијата.

Фестивал на јапонска култура „Сакура“: Приказна за непостојаноста на убавината

 

4. „Медиуми 2040“ – Можност за студентите да ја бранат и сочуваат новинарската професија

„Во 2040 година, професионалните и независни новинари се безбедни и ослободени од несоодветни влијанија. Етичкото користење на технологијата игра клучна улога помагајќи им на медиумите да ја исполнат својата должност кон јавниот интерес и да бидат гласот на граѓаните за добро информирано, инклузивно и демократско општество“.

Вака гласи визијата на проектот „Медиуми 2040: Охрабрување на младите застапници за медиумска слобода на Западен Балкан“, по чиј повод во Правниот факултет се одржа настан, каде се зборуваше за проблемите со кои се соочува новинарството, но и за решенијата, со цел на студентите да им се доближи оваа одговорна професија и во иднина тие да ги бранат и сочуваат вредностите на „седмата сила“.

„Медиуми 2040“ – Можност за студентите да ја бранат и сочуваат новинарската професија

5. [Галерија] „Ве сакаме такви какви што сте“ – во Скопје одбележан Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица

Десетици лица пред неколку дена маршираа по скопските улици одбележувајќи го Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица.

Со транспаренти на кои пишуваше „Да бидеш транс не е избор, да си трансфобичен е“, „Не ми треба дозвола да бидам јас“, „Ве сакаме такви какви што сте“, маршот во организација на граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ започна пред Владата, а заврши пред Собранието.

[Галерија] „Ве сакаме такви какви што сте“ – во Скопје одбележан Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица

БОНУС:

YouThink: Покрај неформалност, подкастите треба да имаат и одговорност кон јавноста

Постојано никнуваат подкасти, насекаде во медиумскиот простор, било да се тоа поврзани со секојдневниот живот, ментално здравје, култура, спорт, политика…

Но, зошто се толку популарни подкастите, зошто е тој брзорастечки тренд? Можеби поради неформалниот пристап наспроти содржините што ги нудат традиционалните медиуми? Истовремено, колку подкастерите се трудат да одржуваат етички стандарди, или можеби е потребно да размислуваат и за поодговорен пристап?

На дел од овие прашања се фокусиравме во новиот подкаст YouThink, каде гостинка ни е Теодора Цветковска од подкастот Анекта, која неодамна заедно со Блинк Маркетинг и медиа решиja да го лансираaт првиот подкаст агрегатор во земјава – podcasts.mk.

YouThink: Покрај неформалност, подкастите треба да имаат и одговорност кон јавноста