Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1.[Фото] Започна академската 2023/24 година

За илјадници студенти стартуваше академската 2023-2024 година. Факултетите на Универзитетите во земјава со свечен настан ги пречекаа бруцошите, а по доделувањето на индекси ги поканија на нивниот прв академски час.

Заедничката аула на Философскиот факултет и Филолошкиот „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денес беше полна со нови и студенти кои се запознаваа со просториите, кампусот новите колеги и професори.

[Фото] Започна академската 2023/24 година

2.[Фото] Граѓани повторно протестираа по скандалот со Клиниката за онкологија

Нов протест се одржа пред Влада по скандалот со Клиниката за онкологија. Ова е петти понеделник по ред како граѓани бараат одговорност за наводите во јавноста дека скапа терапија од Клиниката се препродавала на црниот пазар.

Се обрати актерот и активист од Скопје, Даријан Петров кој кажа дека од минатиот протест па натаму организирањето го презема новоформираната платформа на граѓани „Одговорност“.

[Фото] Граѓани повторно протестираа по скандалот со Клиниката за онкологија

3.За да се исполни образовната целина преку медиумската писменост, важна е алката: наставник – ученик – родител

Важноста за вметнување на модулите по медиумска писменост на факултетите, следењето на новите комуникации преку алката: наставник – ученик – родител, како и споделени искуства од часови по медиумска писменост за второоделенци, беа дел од фокусот на панел дискусијата во „Холидеј ин“. На настанот беа претставени видувања и заклучоци од три наставнички по одделенска настава, воедно и менторки по медиумска писменост за своите колеги во основното образование.

Во рамки на панел дискусијата пред јавноста беше споделена и конкретната Рамка за медиумска писменост која ќе се имплементира во основното образование.

За да се исполни образовната целина преку медиумската писменост, важна е алката: наставник – ученик – родител

4.За да се реновираат „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ мора да се вратат во сопственост на ДСД, кажа министерот Шаќири

Објектите на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ треба да се вратат во сопственост на Државниот студентски дом (ДСД) за да започне најавената реконструкција, кажа министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето на кампусот на Универзитетот Мајка Тереза – во Скопје.

„Очекувам државниот правобранител во наредниот период да ги заврши имотно-правните статуси во тие објекти за да можеме веднаш да го потпишеме договорот и да почне изградбата на тие студентски домови“, изјави министерот.

За да се реновираат „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ мора да се вратат во сопственост на ДСД, кажа министерот Шаќири

5.[Интервју] Клелија Живковиќ: Да бидеш уметник значи да си во дијалог со постојана неизвесност

Клелија Живковиќ е независна уметница и дизајнерка од Скопје која се занимава со истражување на она што е под површината на реалноста, и притоа резултатот го презентира во различни уметнички форми. Таа е една од добитниците на наградата „Денес 2023“ за млади уметници за инсталацијата „Страв од љубов“. Тоа ѝ носи самостојна изложба што ќе може да ја погледнеме следната година.

[Интервју] Клелија Живковиќ: Да бидеш уметник значи да си во дијалог со постојана неизвесност

+Бонус

Реакција од Хелсиншки комитет и МЗМП за случајот во Психијатриската болница во Демир Хисар

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници (МЗМП)  испратија остра реакција за најновиот случај на 17-годишно момче со аутизам кое било врзувано во Психијатриската болница во Демир Хисар и од тоа има рани на рацете и нозете.

„Ова ја покажува крајно загрижувачката состојба во психијатриските болници, особено кога се работи за насилство и несоодветно и нехумано постапување кон пациентите. Шокантни се сознанијата дека со луѓето се изложени на крајно нехуман третман што е спротивно на сите меѓународни принципи и стандарди, закони и меѓународни конвенции“, се вели во реакцијата.

Реакција од Хелсиншки комитет и МЗМП за случајот во Психијатриската болница во Демир Хисар

Нема да има отстрел на мечки во Мавровско, проблемот ќе се решава со чистење на депониите, заплашување и одвраќање

По реакциите на локалните жители за зголеменото присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше, од Владата по одржана седница рекоа дека ќе бидат преземени повеќе мерки со кои треба да се превенира проблемот.

Како што соопштија од Владата, во најкраток временски период треба да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта кои се во близина на населените места кои се извор на привлекување на мечката. Локалната самоуправа во соработка со НП „Маврово“ треба да го решаваат ова прашање со цел навремено чистење на сметот, односно дивите депонии од сите населени места и од локалните патишта.

Нема да има отстрел на мечки во Мавровско, проблемот ќе се решава со чистење на депониите, заплашување и одвраќање

Уставниот суд ќе оценува делови за бесплатен превоз од Законот за средно образование

Уставниот суд ќе поведе постапка за членот 41-а од Законот за средно образование во делови за бесплатниот превоз што во моментов како право го имаат само средношколците од јавните училишта.

Судот ќе ја оценува уставноста на ставот 3 од овој член, во делот „јавно“, во кој стои дека ако во општината каде живее ученикот при запишување во прва година се пополнети сите места, тој има право на бесплатен превоз ако се запише во јавно училиште во друга општина.

Уставниот суд ќе оценува делови за бесплатен превоз од Законот за средно образование

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Ана Марија Папаз

Во рубриката #НизТвојотОбјектив се шетаме низ град преку објективот на Ана Марија Папаз

„Фотографирањето за мене претставува голема пасија и задоволство, кое го исполнува мојот креативен дух. Проучувањето на средината околу мене, различните доживувања, луѓето, природата…тоа е тоа што ја прави фотографијата посебна. Секоја фотографија си раскажува сопствена приказна“, вели таа и додава дека со фотографирање се бави пет години.

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Ана Марија Папаз

#РаскажиМи: „Кој го уби кралот“ од Мила Јовановска

Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Кој го уби кралот“ од Мила Јовановска.

Расказот беше напишан од учесничката на работилницата за креативно пишување за млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, инспириран од цртежот „Ренесансна слика од супер-херојка со крила“ на учесничката Деспина Василева. Цртежот на Василева е генериран со помош на вештачка интелигенција, преку употреба на кирилски формули.

#РаскажиМи: „Кој го уби кралот“ од Мила Јовановска