Седмо издание на Trash Fashion Macedonia на 5 јуни, повикот за учество е отворен

По седми пат „Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО” го организира Trash Fashion Macedonia 2018, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали.

Настанот е наменет за сите средни училишта и е дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ која ја имплементира ОХO во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Целта на Trash Fashion Macеdоnia 2018 е да ги поттикне и анимира средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку реупотреба на отпадот. Оваа година училиштата ќе се натпреваруваат на тема „Мода од иднината“.

Годинава настанот ќе се одржи на 5 јуни 2018 по повод Светскиот ден на животната средина. Организаторите најавуваат уште едно големо визуелно доживување за присутните.

ОХО ги поканува средните училишта да учествуваат во натпреварот, а дополнителни  информации за иницијативата и за тоа како да се регистрираат училиштата може да најдат на веб-страницата www.nrp.org.mk

Настанот Trash Fashion Macedonia 2018 е во организација на ОХО, а е поддржан од Пакомак и Град Скопје.