Седмиот „Скопје Креатива 2018“ од утре во МКЦ

Седмото издание на фестивалот „Скопје Креатива 2018“ ќе се одржува од 11 до 13 мај во Младинскиот културен центар (МКЦ). На него се најавени повеќе изложби, модни ревии и инсталции, работилници, форуми, предавања, презентации, промоции и проекции.

Мотото на фестивалот е „Седум пати до креативност“, а отворањето е утревечер во 20 часот по што посетителите ќе може да погледнат дел од изложбите во холот на МКЦ.

Ккао што најавија организаторите, 80 отсто од програмата се базира врз проекти пријавени на јавен повик, пред се македонски дизајнери уметници со свои предлог протитипи, едукативни работилници, презентации и промоции. Таа информираше дека на фестивалот имаат покането регионални и европски колеги од областа на креативните индустрии.

Во рамки на програмата има дел посветен на прототипи, четири работилници на средношколците во соработка со своите ментори, работилници за дигитална фотографија, за изработка на веб-страници, за драмско пишување со фокус на монолози и дијалози.

Музичката програма на фестивалот е составена од групата „AUX88“ од Мичиген, САД, проект што го делат со МКЦ, диџеј сесиите на Мирко Попов, Ерик Фокс, Виолета Качакова и Мелани Дигит.

Годинава на фестивалот ќе се претстават 45 македонски проекти, и повеќе гости како дел од меѓународната програма. Дел од гостите на фестивалот се фотографот Геерт Де Таје од Белгија, етнологот, антрополог и кустос на музеи Тамара Николиќ Ѓериќ од Хрватска, брачната двојка Билјана и Братислав Бранковиќ од Србија кои ќе имаат работилница за арахитектура за деца. Гости ќе бидат Ралф Ѓони од Албанија и Иван Бркљаќ од Србија.

Целата програма проследете ја ОВДЕ.