Се садат јасени на местото на исушените палми

Екипи на Градот Скопје денеска засадија предесетина нови дрвја на три локации, кај Камениот мост, во Ѓорче Петров и во паркот во Чаир.

Со пролетната акција за зазеленување на градот, на потегот меѓу Камениот мост и Музејот на македонската борба, на местото на исушените палми се засадени дваесетина јасени. По должината на улицата Македонска војска, во општина Ѓорче Петров има нов дрворед од 10 јасени, додека во паркот во Чаир, зад стадионот, е направен дрворед од јасени и јапонски цреши.

По завршувањето на пролетната акција за садење нови 2.000 дрвја, од Градот Скопје најавија дека со активностите за засадување садници продолжуваат наесен, кога ќе бидат засадени нови 8.000 дрвја.