Рускиот истражувачки новинар Иван Голунов е уапсен во Москва

Рускиот истражувачки новинар Иван Голунов, дописник за порталот „Медуза“стациониран во Латвија, е уапсен во Москва поради сомнение дека продавал дрога. 36-годишниот новинар се сомничи за неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги. Според полицијата, кај Голунов биле пронајдени четири грама синтетичка дрога мефедрон.

Неговиот адвокат тврди дека бил претепан додека бил во притвор и дека дрогата му е подметната, но властите го негираат тоа, објави ББЦ. Од „Медуза“ излегоа со изјава дека „е приведен поради неговата новинарска активност”.

Голунов беше изнесен во судот во Москва, при што оотаму беше објавен клип кој брзо се споделуваше по социјалните мрежи.

Голунов ја истражува корупцијата кај бизнисмените од Москва и политичката елита, како и измамничките финансиски шеми во градот. За делото за кое што е обвинет, пропишана е затворска казна од 10 до 20 години.