Романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли доби книжевна награда во Кина

Српското издание на романот „Бродот. Конзархија“ на македонскиот писател Томислав Османли доби книжевна награда на кинескиот меѓународен конкурс „Zheng Nian Cup“.

„Романот ‘Бродот. Конзархија’ со поднаслов ‘Холограф’ изворно беше објавен од македонското книгоиздателство ‘Магор’ во 2016 година. Како и македонското, и српското издание на романот на Османли доби повеќе, вонредно позитивни критички одгласи и медиумски афирмации. Се работи за дистопија чие дејство се случува во блиската иднина на 2039 година, во една драстично сменета, општествена, економска и политичка, сосем вируализирана реалност“, се вели во описот за книгата. 

Покрај Османли во категоријата „Роман“ награда доби и романската писателка Мариана Кунбар Селма.

Конкурсот „Zheng Nian Cup“ 2023 мултидисциплинарен уметнички натпревар и беше распишан за национални литературни творби од сите жанрови, како и за калиграфија, сликарство и фотографија. 

Во доменот на литературата се доделени три категории прозни награди, како и награди за раскази, за новела, за биографска и книжевна есеистика, награда на млад творец и три награди за поезија. Во категоријата Трета награда, една од вкупно триесетте добитници е Елизабет Дончевска Лушин исто така од Македонија.