Конкурс на ДПМ за најдобра песна, есеј, расказ и драмски текст на тема „Липа“

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распишува конкурс за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст на тема „Липа” за манифестацијата „Празник на липите’’.

На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ, а изборот за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст ќе го врши тричлена комисија. Притоа, ќе биде доделена една награда за најдобрата песна, расказ, есеј или драмски текст на тема „Липа”.

Песната, расказот, есејот или драмскиот текст треба да се испратат во четири примероци потпишани со име и презиме, е-пошта и телефонски број од авторот на следнава адреса; Друштво на писателите на Македонија, улица „Максим Горки” бр.18, 1000 Скопје, или на мејлот на ДПМ: drustvonapisatelimk@gmail.com, најдоцна до 31 мај 2023 година.

Манифестацијата „Празник на липите“ ќе се одржи во првата половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително објавен.