Ретвитни оброк #128: Подаj рака, донирај храна!

Иницијативата Ретвитни оброк и оваа сабота е во акција! Дечките повторно готват и саботно делат храна на нашите сограѓани, па повикуваат граѓаните да се приклучат на, како што велат, најхранливата иницијатива во градот.

Од таму потенцираат дека секој може да се вклучи:
„-Можете да дојдете на заедничкото готвење во Гласност од 17 часот (ул. Петар Поп Арсов бр.6), да сецкате салати и да запознаете супер дечки :)
Можете да зготвите онолку колку сте во можност оброци од дома и да ги спакувате во алуминиумски кутии (можат да се земат од портирницата на Спомен Куќата на Мајка Тереза).
– Можете да донирате намирници (леб, тестенини, месо, грашок, салати, овошје, гравче, ориз…) и да ги оставите во Freshys – Фрешис и така да им овозможите на луѓето во Гласност да зготват повеќе оброци
– Сортирајте или згответе јадлива храна која ви останала дома или од прослави, родендени и собиранки, спакувајте ја и донесете ја во 12:30 часот во сабота пред Мајка Тереза.
Нашето малку за некого значи многу, да не фрламе храна зошто секој заслужува достоинствен оброк!“, велат од иницијативата.

За каква било информација, секој може да пише на Ретвитни Оброк групата.