Ретро подкасти и емисии на Радио МОФ по повод Светскиот ден на радиото

По повод Светскиот ден на радиото – 13 февруари, денес споделуваме пет избор подкасти кои нашето (од прв момент) онлајн Радио МОФ ги испродуцира низ годините.

Кога некој во канцеларија спомена дека денес е тој Светски ден на радиото, направивме неколку чекори кон нашата подкаст архива каде ја најдовме првата епизода што сме ја објавиле на MixCloud:

Скролајќи низ архивата наидовме и на емисијата „Незадолжителна лектира“ на водителките Софија Павловска и Александра Филипова.

Во нашето студио е започнат и подкастот „El Studento“ кој го водат Марија и Атанас, а претставува „мала интелектуална авантура“ за сите проблеми и предизвици во високото образование. Подкастот се емитуваше секој четврток од 19 часот.

Ве потсетуваме и на првата епизода на „Поларис“, една од најдолготрајните емисии снимени во студиото на Радио МОФ.

За крај на нашата листа ве потсетуваме и на она што порано го правевме повеќе, а сега не помалку, но во друг формат.