Одбележувањето на големиот јубилеј за 30 години постоење на култното независно радио „Канал 103“ ќе биде заокружено вечерва со неколку свечености.
„Стотројка“ ќе ја претстави компилацијата „The Rising Sound Of Skopje“ – пресек на разновидната локална електронска сцена.
Целовечерна прослава ќе се случува на две локации. Најпрво, во кафе-филм „Котур“ од 21 часот ќе има слушачко промо плус музичка селекција од Ивана Драгшиќ.
Потоа, од 23:55 во клубот „Минус Еден“ ќе се одржи журка со Aka Thesaur, Klara и Kronom.
Компилацијата ќе биде достапна на касета во лимитиран тираж и дигитално.