Концерт на француското трио „Portron Portron Lopez“ вечерва во МКЦ

Во соработка помеѓу Младинскиот културен центар и независното радио „Стотројка“ вечерва ќе се одржи концерт на француското трио „Portron Portron Lopez“ со локална поддршка од Јоана Ристеска и Тодор Караколев.

Концертот ќе започне во 21 часот во МКЦ.

Организаторите ја објаснуваат музиката на триото како жива материја, адреналински фикс од психоделичен рокенрол, афро карипска ритмика, ориентална трансичност и заразна енергија.

„Имаат заразна енергија, на секој концерт му влегуваат до даска, како да нема утре. ‘Ice Scream Soufi’ е насловот на нивниот четврти албум, кој излегува во мај и ќе биде достапен на винил и цеде. Концерт во вистинско време: слободен, вртоглав, наелектризиран, радосен. Го нарекуваат рокенрол за трамполина. Измислен за скокање“, велат организаторите.