Распишан е Конкурсот за државната награда „23 Октомври“

Министерството за култура е распишан конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ со која се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Северна  Македонија.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Под условите определени во Конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

Иницијатива за доделување може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

„Подносителот на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложи иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето“, се наведува во конкурсот.

Конкурсот трае од 1  до 30 април 2024 година, a повеќе информации се достапни на овој линк.