Професорката Рабије Мурати и режисерот Антонио Митриќески се добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ за 2023 година

Универзитетската професорка Рабије Мурати и филмскиот режисер Антонио Митриќески се годинешните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“, одлучи Одборот за доделување.

1.  Во областа на воспитанието и образованието наградата ѝ се доделува на:

–  проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор

2. Во областа на културата и уметноста  наградата му  се доделува на:

– Антонио Митрикески, филмски режисер

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември (петок) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.