Нови подкасти на Радио МОФ

По 12 години студиото на радио МОФ во реновирано ново руво започнува нова сезона на подкасти. 

Покрај веќе познатите подкасти: „Јас сум Цако“, „Hip Hop манијасо Бесниот Витез,Издиши се, АМ шоу – #celebratelifepodcast, Guerilla Radio“, „Збор – звук – силасо Гето Руди,Секси Маало,Заедничарење“, „Save our children, Психоделични фреквенции и многу други кои може да ги преслушате тука

Еден од новите подкасти кои оваа сезона ќе го слушаме на фреквенцијата на Радио МОФ е „Дебели Гикови“.

Подкастот како што се вели во описот е инспирација од најголемото движење во модерното време кој што ќе нуди воодушевувачки поглед на трендовите, филмовите, сериите, музиката, стриповите и уметноста. Иако ова е најголемото модерно движење сепак има голем број на луѓе кои што се уште не можат да навлезат колку што они сакаат во ова, и ние сме тие кои што треба да ги доближиме овие трендови поблиску до сите!

ДРАГичка” ќе не’ внесе во волшебниот свет на дрeг културата и локалните дрег уметници.

„Секој месец уживање во жив и забавен разговор со вашата омилена дрeг-домаќинка Дариа Бафи , која ќе ги споделува последните вести, трендови и неизбежни сплетки од светот на драг уметноста. Секоја емисија со различен гостин ќе ве внесе во светот на разнобојната дрег уметност“, пишува авторката на подкастот. 

Видео подкастот „Прашај паталец не гаталец“ ги истражува приказните на луѓе кои стекнале академско искуство надвор од Македонија.  

„Откријте малку повеќе за нивниот свет и запознајте се со сегашни, идни, и минати студенти на странските факултети како и професори со слично искуство. Нашиот подкаст дава разновидна перспектива за академското искуство надвор од дома, насочувајќи ги слушателите кон носење на нивно мислење околу темата“, велат водителите Ана и Влатко. Подкастот ќе може да го гледате и на Јутјуб каналот „Прашај паталец не гаталец“.

Уште еден нов подкаст Големите прашања на малиот мозок” ќе не’ воведе во интересни социјално-културни, политичко-економски, природно-научни, духовно-спиритуални, итн. феномени на современото живеење во нашиот микро-Македонски социум.

„На нашите 1000 зошто? има 1000 затоа!  Во овој подкаст, темите кои ќе бидат дискутирани се резултат на академски истражувања, поддржани од аналитичари и истражувачи во конкретната област, и се релевантни за нашето општество во регионален контекст“, вели водителката Афродита Рамоз. 

Подкастот „Филмофилос потекнува од љубовта (philos) кон филмскиот театар.

„Овој вид на уметност има подлабоко значење за нас (за водителите и за слушателите), прво како љубителите на филмови и серии но и како начин на кој ние се поврзуваме со претходно спомнатите. Со образовна позадина во филозофија и психологија содржината сочинува анализа на одредени теми кои се третирани на филмското платно преку перспективата на овие науки“, стои во описот. 

Уметникот помеѓу градот и културата” е подкаст во кој, како што вели авторката, ќе гостуваат луѓе кои се занимаваат со некаков вид на уметност, кои творат во Скопје или за Скопје поврзани со нивната работа, градот како поддршка или не поддршка на културата, културните настани како фактор за социјализација на младите денес, начини на кои може да се влијае врз раст на културната свест.

Подкастот на Селма ќе се фокусира на талентирани млади кои креираат и дејствуваат во политиката на култура и уметноста ,млади активисти, филмови, музика книги … актуелни настани кои се случуваат во Македонија (или светот).

Да се запознаеме подобро“ е подкаст со цел да промовира позитивна слика за младите Роми како активни граѓани и е посветен на информирање и едуцирање на младите генерации за Ромската заедница преку гостувањето на активисти, студенти, инфлуенсери и млади личности. 

Последниот од новите подкасти е „What’s Youth Got to Do With It?“.

„Младите ширум светот се соочени со неизвесност за иднината поради брзиот технолошки напредок и вештачката интелигенција. Особено на Балканот, каде што новата технологија сè уште не е инкорпорирана во општеството, остануваме да се прашуваме што носи иднината и каква е нашата улога во нејзиното обликување. Кои работни места ќе постојат кога ќе завршиме факултет, а кои ќе застарат? Кои вештини се потребни во динамичен свет во развој? Како треба да знаеме што да учиме или кои патишта да ги следиме кога нашата иднина е сè уште незамислива? Младите луѓе од различни балкански земји разговараат за нивните борби со ова прашање, како и за тоа кои се тие решенија“, пишува водителката Адора. 

Горан Костовски