#РаскажиМи & #dumainsumma: „Што понатаму“ од Лејла Даздаревиќ

Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Што понатаму“ од Лејла Даздаревиќ.

Расказот беше напишан од Лејла на работилницата за креативно пишување за млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, инспириран од цртежот „Збунет човек со грб во форма на прашалник“ на учесничката Анабела Ал Аббаси. Цртежот на Анабела е генериран со помош на вештачка интелигенција.

Цртежите на книжевните ликови генерирани со вештачката интелигенција и расказите напишани за нив од страна на учесничките, се собрани во големата книга „FEMZINE“ изработена од уметникот Јован Јосифовски.

Што понатаму?

Оваа збунета душа талка по одговорот на прашањето „Што понатаму?“. Постојано се бори со прашањето што да прави со својот живот. 

Изгубена меѓу безброј прашања, секојдневно се сомнева дали ќе му се насмевне среќата. Дали доброто ќе биде на нејзината страна за првпат во животот. Наспроти очекувањата, изгубената душа не е безнадежен песимист. 

Слаб и висок човек со смеѓа коса, поделена на патец. Со сини блескави очи и педантно избричен. Во ликот болежливо блед, се гледа дека си има голема мака. Неговото патување, иако е бурно човечко искуство, тој има бескрајна сила и надеж. 

Борбата да ја открие целта на животот не престанува, како и ројот прашалници во неговата глава.

На крајот од приказната, тој е доказ дека збунетоста не мора да биде извор на очај. Таа може да биде иницијатор за раст, самооткривање и нови нешта. 

По кирилската формула за креирање на ВИ слика: „Збунет човек со грб во форма на прашалник“ од Анабела Ал Аббаси

Петочната рубрика #РаскажиМи го промовира македонскиот јазик и современата фикција преку домашни и странски автори кои пишуваат или се преведени на мајчин јазик.

Заинтересираните за објавување на свој расказ во рубриката #РаскажиМи свои дела може да пратат на info@radiomof.mk,  со куса биографија.