„Работа, колку да не е без ич“ – конференција на сиромашни и социјално исклучени лица

Во петок, на 15 септември во „Даре Џамбаз“ од 10 часот ќе се одржи  шестата национална конференција на сиромашни и социјално исклучени лица на Платформата против сиромаштија.

Ваквите конференции се организираат за да се слушне гласот на лицата кои живеат во сиромаштија, или се социјално исклучени, и им даваат можност своите проблеми и потреби лично да ги презентираат пред владини и невладини преставници. Преку ваквиот начин на работа се промовира активно учество и вклучување на овие лица во демократска дебата, која треба да даде решенија за поквалитетен живот на сите граѓани.

Оваа година тематски се посветуваме на вработените, а сиромашни граѓани. Фокусот на дискусијата ќе биде да се надмине и прошири традиционално прифатениот концепт дека сиромашни се само оние кои немаат работа и оние кои имаат ниски плати.