„Протоѕвезда“ – повик за проза, поезија и критика во рамки на студентската конференција „Како си ми“

Студентската конференција „Како си ми“ при УКИМ, оваа година за прв пат организира и повик за проза, поезија и критика, напишани од студенти.

Оттаму информираат дека новината цели кон создавање на простор каде студентите ќе можат да ги споделат своите поетски, прозни и критички текстови.

Од „Како си ми“ информираат дека повикот е отворен за студентите од сите факултети, а делата треба да се испратат на kakosimi.flf@gmail.com, до полноќ на 5 октомври.

„Сè што ќе биде испратено ќе биде објавено на официјалната страница на ‘Како си ми?’, а редакцискиот одбор ќе одбере и неколку најдобри текстови чии автори ќе имаат можност јавно да ги претстават своите дела на 14-ти октомври во кафе-книжарница Буква. Примаме прозни, фиктивни и критички текстови, со ограничување од максимум 1000 зборови и поезија, со ограничување на 2 страници од песна“, посочуваат организаторите.