Протест преку бесплатна претстава – „Телетабиси“ во ГЕМ

„Телетабиси“, камерна претстава во еден чин, ќе биде премиерно изведена во вторник (23.02) во 20 часот, во ГЕМ Клуб (Менада, Стара Чаршија).

Претпремиерата е закажана за понеделник (22.02, 20 часот), а следуваат и две репризи, во петок (26.02, 20 часот) и сабота (27.02, 19 часот).

Текстот и режијата се на Југослав Петровски, а играат Симона Спировска, Горан Ников и Сашо Ристовски.

Претставата е бесплатна, но поради малиот капацитет на просторот, потребно е претходно да се резервира место.