Протест пред Основен суд по приведувањата за упадот во Собрание

Под силно полициско обезбедување, на повик на опозицијата, започна протестот пред Основниот суд Скопје 1, каде што трае распитот на лицата што утрово беа приведените поради настаните на 27 април во Собранието на Република.

Истовремено со протестот, во 13.30 часот, беше најавена и прес конференција на лидерот на опозицијата Никола Груевски, по што се очекува присутните во партиското седиште да се приклучат на протестот.

Меѓу приведените се и пповеќе функционери и пратеници на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Како што претходно соопштија од Основното јавно обвинителство (ОЈО), се спроведува на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.