Промоција на сликовницата „Розевата планета“ во „Буква“

Стрип-сликовницата „Розевата планета“ е сликовница за мали и големи, оние со соништа за далечни планети и подобри светови“, велат од издавачката куќа „Чудна шума“, најавувајќи ја промоцијата за книгата за деца, на која ќе биде промовирана и истоимена музичка компилација. Промоцијата ќе се одржи на 16 септември, четврток, во кафе книжарницата „Буква“, од 18 до 20 часот. Промоцијата ќе се одржи во склоп на фестивалот „Арт-Ареа“.

Автор на „Розевата планета“ е музичарот, продуцент и текстописец Мирко Попов, додека илустрациите се на уметницата Нита Муча. Книгата има две изданија, на македонски и албански јазик.

„Првата книга за деца на Мирко Попов раскажува стихувана приказна за малиот космонаут во потрага по Розевата планета, на која сѐ е розево, слатко и мирисно“, објаснуваат од „Чудна Шума“.

Изданието е придружувано со музичка компилација, која може да се симне за слушање бесплатно тука. Во склоп на промоцијата ќе биде организирана и мала креативна работилница за боење и цртање во која ќе можат да се приклучат сите заинтересирани деца.