Промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“ од Јовица Ивановски во Лабораториум

На 24 април, со почеток во 20 часот во Лабораториум ќе се одржи промоција на поетската книга „Денар на валкан тротоар“, од Јовица Ивановски.

Книгата ќе ја промовира Елизабета Баковска, а песни ќе читаат актерите Петар Арсовски и Емил Рубен.

Инаку, Јовица Ивановски е роден во 1961 година во Скопје. Автор е на осумнаест книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).