Промоција на книгата „Животот во кутија“ на Томислав Кежаровски

Новинарот Томислав Кежаровски во четврток ќе ја промовира својата книга насловена „Животот во кутија“.

„Целта е таму некаде далеку, ама може да стасаме ако одиме кон неа по добро исцртани патеки. Мора да бидеме едни до други. Нема вакви и онакви, нема наши и ваши.
Неправдата постои откако е создаден светот. Тешко се победува, но тоа не значи дека треба да се откажеме од потрагата по правдата или, уште пострашно, да ги затвориме очите и да бидеме неми набљудувачи“, се вели во поканата за настанот.

Промоцијата ќе се одржи во амфитеатарот  на Универзитетот ФОН, со почеток од 18 часот.