Промоција на 15 нови изданија за ,,Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“

Во Археолошкиот музеј на Македонија, на 28 февруари ќе има промоција на 15 нови изданија од едицијата ,,Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“.

Едицијата ќе ја збогатат следните наслови на македонски јазик: Црквата Св.Богородица – Матејче; Црквата Св.Богородица Елеуса – Вељуса; Керамичките рељефни плочи од Виница; Маркови кули, Варош – Прилеп; Таор (Антички населба Tauresium); Баргала; Манастирот Трескавец; Тумба Маџари, археолошки локалитет и неолитско село; Црквата Св.Ѓорѓи во Курбиново и Муниципиј Стобенсум. Дел од едицијата е во превод на англиски јазик и се однесува на:  Municipium Stobensium; The History of Discovering the Site of Isar – Marvinci; The Medieval Fortress of Isar – Shtip; Kokino – a Holy Mountain and Observatory for 4000 Years; The Great Bath of the Late Roman Thermal Spa in the Village of Bansko.

Богатото културно и природно наследство на Република Македонија и значењето кое тоа го има за општеството, беше повод за отпочнување на повеќегодишниот проект на Управата за заштита на културното наследство. Проектот ,,Најзначајните вредности на културното и природно наследство на Република Македонија“, преку 130 монографски публикации ќе ги доближи најзначајните археолошки локалитети, профани и сакрални објекти и природни богатства до домашната и меѓународна публика. Со овие нови 15 изданија, Управата за заштита на културното наследство заокружува бројка од досега објавени 45 наслови од оваа едиција.