Прогласена вонредна состојба во Либија по силните судири во Триполи

Околу 400 затвореници избегаа од затвор во главниот град на Либија, додека во близина на Триполи беснееја  вооружени конфликти меѓу ривалските групи.

Затворениците насилно ја отвориле затворската врата на Аин Зара, а чуварите не можеле да ги запрат.

Затворот се наоѓа во јужниот дел на Триполи, област во која се водат жестоки борби меѓу ривалските групи изминатава недела.

Со цел да се стави крај на конфликтот, мисијата на ОН во Либија ги повика „разните релевантни партии” да се состанат напладне во вторник за „итен дијалог за безбедносната ситуација”.

Во меѓувреме, либиската влада прогласи вонредна состојба во Триполи и околните области поради нападите во кои загинаа 39 лица, вклучувајќи ги и цивилите.

Министерството за здравство соопшти дека 96 лица се повредени.

Либија од почетокот на бунтот во 2011 година кога беше симнат и потоа и убиен долгогодишниот лидер на земјата, Моамер Гадафи.

Оттогаш со земјата управуваат две спротивставени влади, едната со седиште во Триполи, а другата во источниот дел на Либија, и двете влади имаат поддршка од голем број вооружени групи.