Проекција на испитни филмови од ФДУ

Академска сцена на Факултетот за драмски уметности-ФДУ во Скопје за утревечер најави проекција на испитни филмови на студентите од трета година од катедрата за филмска и ТВ монтажа, во класата на вон. проф. м-р Лазар Секуловски и асс. М-р Владимир Павловски.

ФДУ

Проекцијата на филмовите ќе започне во 8:30 часот во ФДУ, а ќе бидат прикажани филмовите „Чичко Симе“ на Сандра Ѓоргиева, „Филигрански плочници“ на Андреј Ристески, „Боженствената дама“ на Дејан Смилески, „Мице диск-џокеј“ на Горјан Атанасов, „Мизар – Ѕвезда на надежта“ на Марко Џамбазоски и Љубител на 101“ на
Михаил Димитров.