Продолжен рокот на Конкурсот за изработка на постер инспириран од италијанскиот стрип

Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје информираат дека  рокот за објавениот конкурс за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 5 септември 2022 година.

Конкурсот беше објавен во пресрет на „Comics Day“ – Денот на италијанскиот стрип што ќе се одржи во октомври 2022 година.

Содржината на постерот треба да соодветствува со темата на Конкурсот. Неопходно е да се подготви дигитална верзија на делото [мин. 200 dpi / CMYK / jpg / 700x1000mm / вертикално].

Учеството е бесплатно, а на натпреварот може да се учествува во три категории, односно ученици од средните училишта во Северна Македонија, студенти на државните и приватните факултети на Северна Македонија и млади уметници – графички дизајнери, илустратори, стрип цртачи од Северна Македонија на возраст до 30 години.

При испраќањето на делото, фајлот треба да се персонализира на следниов начин, Ime_Prezime_Uchilishte_NaslovNaPosterot.jpg., за првата категорија, Ime_Prezime_Fakultet_NaslovNaPosterot.jpg., за втората категорија) и Ime_Prezime_NaslovNaPosterot.jpg. за третата категорија.

Создадените дела треба да се испратат на мејл адресата ladante.skopje.arte.design@gmail.com, а мејлот да се наслови со „Italijanski strip_kategorijaX“, X – е бројот на категоријата 1, 2 или 3.

Објавен конкурс за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип