Отворен конкурс за новинарски текст на тема „Есеј за старо Скопје“

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за Култура и Уметност на Скопје во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ се распишува новинарски текст на тема „Есеј за старо Скопје“.

Отворениот конкурс се распишува во соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент.

Организаторите истакнуваат дека за пристигнатите дела се предвидуваат три награди, односно, лаптоп, таблет и паметен мобилен телефон, а најважниот критериум е дека текстовите треба да не содржат дневно-политички конотации.

Новинарските есеи на темата треба да се испратат на електронската пошта skleto@unet.com.mk; и gligorov.n@gmail.com, а краен рок за испраќање е 15 ноември.

„На конкурсот своите есеи можат да ги пријават новинари на медиумите од Скопје, но и новинари од медиумите во другите места на Република Северна Македонија, кои се ангажирани во новинарството, било во работен однос, по договор на дело или новинари кои имаат хонорарен ангажман во електронските, во печатените, во радио-дифузните и во интернет-медиумите“, велат организаторите.

Наградите кои ќе ги изгласа тричлена Комисијата на конкурсот, ќе бидат свечено доделени во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“, а учесниците ќе бидат известени веднаш по донесувањето на одлуката на Комисијата.

Организаторите наведуваат дека при пишување на своите дела, авторите треба да се задржат на следните параметри:

• На конкурсот своите есеи можат да ги пријават новинари на медиумите (пред се) од Скопје, (но и новинари од медиумите во другите места на Република Северна Македонија-) кои се ангажирани во новинарството, било во работен однос, по договор на дело или новинари кои имаат хонорарен ангажман во електронските, во печатените, во радио-дифузните (ТВ-канали, радио-станици) и во интернет-медиумите (портали и блогови).
• Текстовите се испраќаат под полно име и презиме (без шифра или псевдоним) и со контактите на кандидатот (назив на медиумот за кој есеистот работи на новинарски задачи, телефон, имејл, придружени кон неговиот потпис. Сите овие податоци се испишуваат еден под друг, на крајната лева страна од самиот почеток на текстот.
• Секој автор може да учествува само со по еден текст.
• Во рамките на темата „Есеј за старо Скопје“, испратениот текст треба да содржи и сопствен, специфичен наслов.
• Текстот треба да содржи од 400 до 500 зборови (не) сметајќи ги растојанијата, во фонт Аriel -12 со македонска поддршка.
• Новинарите од различни етнички припадности, есеите можат да ги испратат во верзија напишана на својот мајчин јазик (во фонт Аriel -12, со поддршка на соодветнот јазик) и – во продолжение на истиот фајл – со превод на македонски.