Рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од италијански стрип продолжен до 18 септември

Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје информира дека рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 18 септември.

Конкурсот беше објавен во пресрет на „Comics Day“ – Денот на италијанскиот стрип што ќе се одржи во октомври 2022 година.

Содржината на постерот треба да соодветствува со темата на Конкурсот. Неопходно е да се подготви дигитална верзија на делото [мин. 200 dpi / CMYK / jpg / 700x1000mm / вертикално].

Учеството е бесплатно, а на натпреварот може да се учествува во три категории, односно ученици од средните училишта во Северна Македонија, студенти на државните и приватните факултети на Северна Македонија и млади уметници – графички дизајнери, илустратори, стрип цртачи од Северна Македонија на возраст до 30 години.

При испраќањето на делото, фајлот треба да се персонализира на следниов начин, Ime_Prezime_Uchilishte_NaslovNaPosterot.jpg., за првата категорија, Ime_Prezime_Fakultet_NaslovNaPosterot.jpg., за втората категорија) и Ime_Prezime_NaslovNaPosterot.jpg. за третата категорија.

Создадените дела треба да се испратат на мејл адресата ladante.skopje.arte.design@gmail.com, а мејлот да се наслови со „Italijanski strip_kategorijaX“, X – е бројот на категоријата 1, 2 или 3.

Од организацијата информираат дека оние кои ќе влезат во најтесната селекција ќе имаат можност за директна средба и разговор со италијанските стрип уметници: Алесандро Билота  и Серџо Гараси.

Објавен конкурс за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип