Прирачник: Основи за дигиталната безбедност

Интернетот денес е неопходна алатка на новинарите. Но дигиталното опкружување носи и опасност за приватноста и безбедноста, оттаму безбедноста на интернет е клучно прашање за новинарите, соопштува Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Според ССНМ, новинарите мора да научат како да ги заштитат податоците и изворите затоа што со малициозен сајбер напад тие можат да бидат следени, компромитирани или уништени.

Со цел да им помогне на новинарите како да ги заштитат своите стории и извори, но и на сите интернет корисници, ССНМ преведе прирачник за Основи на дигиталната безбедност објавен од  Фондација SHARE.
„Во него се наведени основни правила и алатки за безбедно пребарување, енкрипција, добри и лоши практики на интернет безбедност како и елементарни ресурни кои му се потребни на новинарот за да ги прилагодува своите безбедносни механизми на најсовремената технологија. Се решивме за овој Прирачник кој е наменет за сите корисници на интернет бидејќи за него не се потребни дополнителни познавања од областа на дигиталната технологијата и ќе служи како почетна точка на патот кон безбедноста и приватноста на интернет“, велат од ССНМ.

Прирачникот е достапен ТУКА