Премиерата на „Писмо некому“ презакажана за денеска во Кино Култура

„Писмо некому“ најнова претстава во продукција на Буден Театар премиерно ќе биде прикажана денеска, 28 декември, во 17.00 часот во просториите на Кино Култура.

Претставата е дел од проектот „Видео писма“, кој Буден Театар го спроведуваше во изминативе два месеци. „Писма некому“ е базирана на приказните на холандскиот автор за деца Тон Телехен, и видео материјалите од креативните работилници спроведувани во рамките на овој проект со децата бегалци сместени во Т.Ц. Табановце и децата од О.У. Кочо Рацин од Скопје.

Во двомесечниот процес двете групи на деца меѓусебно разменуваа видео пораки и испраќаа подароци, а денеска, по кусо одложување, конечно ќе се оствари и нивната прва средба, каде заеднички ќе ја погледнат претставата „Писмо некому“.

Поставувајќи ја оваа претстава Буден Театар се надева дека ќе продолжи да ја пренесува пораката која оваа пријателство ја носи во себе.

Проектот „Видео писма“ претставува чекор кон надминувањето на изолираноста на децата бегалци, пред се преку пронаоѓање на креативен начин да се запознаат со македонските деца и покрај неможноста за директни средби. Овој проект воедно се влијаеше и кон рушење на негативните стереопити со кои децата бегалци се соочуваат.

Проектот е финансиски поддржан од Цивика Мобилитас, а се реализираше во партнерство со СОС Детско село, О.У. Кочо Рацин и со логистичка поддршка од Кино Култура. Морална поддршка за реализацијата на овој проект добивме од МТСП, ЦУК Куманово, и УНЦХР. Екскурзијата на децата бегалци ќе се реализира со поддршка на Руле Турс.