Прекин на Кабел ја отсече Тонга од светот

Прекин на кабел ја отсече врската на островската држава Тонга со светот, а ќе бидат потребни најмалку четири недели за да се среди проблемот, соопшти владата на Нов Зеланд, пренесува германската новинска агенција „ДПА“.

По ерупцијата на вулканот Хунга Тонга Хунга Хаапаи во Тонга загинаа најмалку три лица, а државата беше прекриена со вулканска пепел.

Истовремено, поради ерупцијата се случи и прекин на кабелот кој ги носи речиси сите дигитални информации, вклучително и интернет и телефонската комуникација.

„Американската кабелска компанија СубКом посочува дека ќе бидат потребни најмалку четири недели за да се поправи кабелската врска на Тонга“, соопшти владата на Нов Зеланд.

Во меѓувреме, меѓународната телефонска мрежа Дигисел постави привремен систем на главниот остров во Тонга преку сателит.

Сепак, врската би била „ограничена, покривајќи околу 10 отсто од вообичаениоет капацитет“ и давајќи приоритет на гласовните и текстуалните комуникации.