Предизвик: 14 дена одржливо живеење

Амбасадата на Шведска во Скопје и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ првпат организиираат 14-дневен предизвик за одржливо живеење во регионот кој ќе започне денеска, а ќе заврши на 14. декември, годинава.

Според органзиаторите, 14– дневниот предизвик има за цел да даде едноставни примери од секојдневието за одржливи начини на урбано живеење кои потенцијално можат да го подобрат квалитетот на животот и да влијаат на заштитата на нашата средина.

Предизвикот се, посочува, состои од практикување мали, но одржливи решенија во секојдневието со фокус на три категории: храна, транспорт и навики и споделување на овие искуства преку социјалните мрежи. Поканетите учесници се влијателни личности од нашето општество кои со практикување на овие мали, но одржливи секојдневни пракси, преку сопствен пример би потикнале позитивни промени во општественото опкружување.

– Луѓето имаат моќ да предизвикаат значајна промена во општеството и да влијаат врз квалитетот на нивниот живот само преку промена на секојдневните навики. Мора да одлучиме дали повеќе сакаме да уживаме во удобноста на автомобилот или да дишеме загаден воздух. Дали ни е полесно да направиме се за да ги намалиме глобалните температури или да се справиме со последиците од поплави и суши, вели Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко-свест.

Организаторите ги покануваат граѓаните од целата земја активно да се вклучат на предизвикот преку социјалните мрежи со користење на официјалните хаштази #14ДенаОдржливост и #14DaysSustainability и да придонесат за успешно спроведување на овој предизвик. Секој индивидуално може да влијае и придонесе за позитивни промени за доброто на сите нас.