Празник на франкофонијата во Македонија – „Франкофонијата ти отвора врати!“

Францускиот институт во Скопје во сабота (19 март) во Младинскиот културен центар одржува манифестација за одбележување на франкофонијата во Македонија.

Настанот насловен како „Франкофонијата ти отвора врати!“ ќе биде одбележан низ следниве активности:

– од 10 до 12 часот:  интерактивни работилници и забавни активности за средношколци и студенти,

– од 10 до 14.30 часот: Саем на франкофонски компании и институции во Македонија,

– од 12.30 до 14 часот: предавање на еминентниот гостин, г-дин Ив Монтене, специјалист по геополитика и менаџер, на тема „Франкофонијата и глобализацијата“,

– од 14.30 до 16 часот: натпревар по франкофонски театар, и

– 20.30 часот: концерт на групата „Фолтин“

Влезот на сите настани е отворен, а бесплатни влезници за концертот на Фолтин може да се резервираат во Францускиот институт во Скопје, на culture@ifs.mk.