Повик за летна школа за сајбербезбедност

Под мотото „Станете сајбер лидер: паметен, безбеден и квалификуван“, во периодот од 25-30 јуни во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе се одржува интердисциплинарната петдневна летна школа за сајбер безбедност.

Школата вклучува работилници, експертски презентации и најнови техники, кои на учесниците ќе им овозможат да напредувате во дигиталниот свет.

Повеќе информации за летната школа може да се најде на следниот ЛИНК.

Летната школа се организира во партнерство со Економски факултет Скопје во рамки на Активноста на УСАИД – „Младите активно создаваат можности“, имплементирана од организацијата IESC во партнерство со Младински образовен форум и Ceed Hub Скопје.