Повик за доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски“

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски“, за студии од втор циклус на извршната програма за бизнис и администрација при „Сити колеџ“- Меѓународен факултет во состав на Универзитетот Шефилд од Велика Британија, лоциран во Солун.

Стипендиите се однесуваат за академската 2018/2019 година за насоките: маркетинг, општ менаџмент, финансии, менаџмент во логистика, менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.

Вредноста на една стипендија е 14.890 евра и ги покрива трошоците за уписнина. Половина од средствата, односно 7.445 евра ги обезбедува Владата на Република Македонија – Министерство за образование и наука, а останатата половина „Сити колеџот“. Додека, патните трошоци, сместувањето и другите дневни трошоци се на товар на кандидатот.

Сите дополнителни информации за условите, критериумите и потребните документи за аплицирање можат да се најдат во конкурсот кој е објавен на веб-страницата на МОН.

Крајниот рок за аплицирање е 20 јули 2018 година.