Почина Јуџин Серман, последниот човек кој одел по месечината

Јуџин Сернан, пилотот на мисијата Аполо 17 и последниот човек кој стапнал на месечината, почина на 82-годишна возраст, објавија од НАСА.

Кога Јуџин Сернан си заминал од површината на месечината на 17 декември 1972 година, рекол: „Јас сум на површината и го правам последниот чекор на човекот таму за подолго време – но веруваме, не многу во иднината – само сакам да кажам нешто што верувам историјата ќе го забележи: предизвикот на Америка за денес ја испиша судбината на човекот за утре“, рече.

Сернан можеби мислел дека други наскоро ќе ја следат неговата патека, но не беше во право. Поранешниот борбен пилот беше 11-тиот човек кој одеше по месечината, но и последниот.

„Тажни сме поради загубата на пензионираниот астронаут на НАСА Џин Сернан, последниот човек кој одеше на месечината“, објави американската вселенска агенција на Твитер.

Сернан, кој е роден во Чикаго, служеше како командант на вселенско летало на Аполо 17, последната мисија на месечината управувана од луѓе.

Мисијата беше лансирана на 6 декември 1972, а се врати на 19 декември.

Семејството на Сернан изјави: „Со длабока тага ја споделуваме загубата на нашиот сакан сопруг и татко. Нашите срца се скршени, но секако, навистина ги цениме вашите мисли и молитви“.

„Дури и на 82 години возраст, Џин беше страствен во неговата желба да види како продолжува човечкото истражување на вселената и ги охрабруваше лидерите на нашата нација и младите да не дозволат тој да биде последниот човек кој одел на месечината“, додаваат.