Почина Гао Јаоџи – докторката која ја разоткри ХИВ епидемијата во Кина

На 95 годишна возраст почина Гао Јаоџи, реномирана докторка која ја разоткри епидемијата на ХИВ во Кина.

Гао починала од природна смрт Во Њујорк, каде што живее во егзил од 2009 година. Информацијата за смртта била споделена со „БиБиСи“ од страна на нејзина пријателка.

Гао разоткри како бизнисите продавајќи крв, влијаеле врз ширењето на ХИВ во Кина. Таа беше лидерка на ХИВ активизмот во Кина и патувала низ земјата за да ги лечи пациентите, неретко и од сопствен џеб.

Родена во 2927, Гао работела како гинеколог, а со првиот ХИВ позитивен пациент се сретнала во провинцијата Хенан во 1996.

Позната како „Баба Гао“, таа ги посетувала селата во Хенан за да ја истражи бројката на заболени ХИВ пациенти. Таа посетила над 100 „ХИВ села“ и се запознала со над 1000 фамилии. Донирала храна, облека и принтани материјали за ХИВ, најчесто од нејзин џеб.

Властите на Хенан првично ја прикривале практиката на продажба на крв, но на крајот ги затвориле бизнисите во средината на 1990-тите. Но, Гао продолжила да зборува за ширењето на ХИВ во Кина.

„Поголемо е. Се случува на национално ниво, насекаде. Сум видела сè со свои очи. Продажбата на крв е нелегална. Во минатото беше отворена и јавна. Сега е на црниот пазар”, изјави таа во интервју за „Би-Би-Си“ во 2010 година.

Гао тврдеше дека 10 милиони луѓе се заразени со ХИВ во Кина, што е многу повеќе од официјалната бројка на Пекинг од 740.000 лица. Но, оваа информација беше отфрлена од властите.