Почина британскиот актер Џон Харт

Џон Харт, британскиот актер познат по улогите во „Осмиот патник“, „Човекот слон“ и „Хари Потер“ почина на 77 годишна возраст, соопшти неговиот агент. Во 2015 година, Харт беше на терапија за рак на панкреасот.

Во својата кариера три пати беше добитник на БАФТА, наградата на Британската академија за филм и телевизија, додека две пати беше помеѓу номинациите за оскар, за најдобра главна и споредна улога. Неговиот лик, но и препознатливиот глас се имаат појавено во преку 200 филмови.

Улогата на Харт во телевизискиот филм „Голиот јавен службеник“, прикажан во 1975 година, како и продолжетокот во 2009 „Англичанец во Њујорк“ – го идентификуваше со Квентин Крисп, трансџендер писателот, чие однесување го промени јавното мислење за хомосексуалноста во 60-тите и 70-тите години од минатиот век.