По земјотресот, албанските власти почнаа со апсење поради нелегалното градење

Албанската полицијата и обвинителство почнаа со апсење на градители, инженери и инвеститори кои не се придржувале кон безбедносните правила, норми и стандарди за градење бидејќи првичните истраги покажале дека ова е една од причините поради која при земјотресот со јачина од 6,4 степени починало дури 51 лице.

Деветмина се уапсени под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба.

Двајца од нив се сопственици на два хотели што се срушиле, при што загинаа четири лица во Драч. Трет е менаџер на полициски хотел за одмор, каде под урнатините загина полицаец. Полицијата соопшти дека се уште трага по осуммина.

По земјотресот на 26 ноември, Албанија допрва треба да ги пресмета трошоците за обнова на станови за 14.000 лица што останаа без покрив над глава.