По пет години студентите на УГД го организираат третиот студентски конгрес на општа медицина

Студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев “ – Штип го организираат третиот студентски конгрес на општа медицина- СКОМ 2024, овој пат со наслов „Dum vita est, spes est! (Додека има живот, има надеж!)“.

Конгресот ќе се одржи на 17 и 18 мај во просториите на Мултимедијалниот центар на УГД. Ваквиот настан ќе

„Целта на Конгресот е збогатување на знаењето на студентите по медицина и матичните лекари , како и подобрување на нивните практични вештини. СКОМ е настан на кој со свои излагања ќе се прикажат бројни реномирани имиња на доктори и професори од државата, меѓу кои и д-р Владимир Чадиковски, д-р Виктор Камнар , д-р Александар Митевски и други познати имиња од докторската фела“, се вели во најавата.

Покрај професорите, можност за презентирање ќе имаат и самите студенти од сите насоки на државните медицински факултети, како и сите млади лекари. Своето присуство како активни учесници кои ќе претстават своја презентација или пасивни учесници може да го најават со пополнување на овој формулар.

Предавањата е предвидено да се случуваат наутро, додека во попладневните часови ќе има организирано практични работилници каде студентите ќе имаат можност да ги подобрат своите вештини во различни области од медицината.

„Особена чест ни претставува што оваа година успеавме да го организираме третиот по ред СКОМ. Со подготовки кои започнаа уште од летото минатата година, очекуваме овој настан да заземе голем одзив меѓу студентите и професорите и да прерасне во традиција која ќе продолжи да се одвива секоја година. До сега има пријавено околу 300 заинтересирани студенти , а очекуваме оваа бројка до мај да се зголеми уште повеќе“, велат од организациониот одбор на СКОМ.

Конгресот оваа година ќе се одржи трет пат по ред, по конгресите во 2018 и 2019 година.