[Видео] Јован Јанев и Ана Михаиловска победници на Ораторската вечер на УГД

Јован Јанев од Правниот факултет и Ана Михаиловска од Факултетот за природни и технички науки се победници во двете категории на десеттата по ред Ораторска вечер на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип.

Јанев го освои првото место во категоријата „Слободни говори“, а Михаиловска во категоријата „Рамноправност и недискриминација“.

Настанот традиционално се организира десет години од Правниот факултет и Клубот на оратори „Ростра ветера“ и можат да учествуваат сите студенти на УГД.

Во продолжение погледнете ги сите говори и фотографии од настанот: