Изложба на дела од студенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Во понеделник, (25 март) ќе биде отворена студентската изложба „Уметноста во функција“, во организација на Факултетот за природни и технички науки, Ликовната академија и Технолошко техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

На изложбата ќе бидат претставени дела на студенти од овие факултети. Изложбата ќе биде поставена во Тренинг центарот на УГД, а свеченото отворање е во 13.00 часот.