По 70 години отворена првата продавница за алкохол во Саудиска Арабија

По повеќе од 70 години отворена e првата продавница за алкохол во Саудиска Арабија. Ова е чекор понатаму во општествената либерализација во некогашното ултра-конзервативно кралство кое е дом на најсветите места на исламот.

Иако продавницата во главниот град Ријад е отворена само за дипломати кои не се муслимани, таа се отвара во време кога престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман се обидува да го претвори кралството во туристичка и деловна мека како дел од постепеното оттргнување на економијата од суровата нафта.

Во продавницата засега се продаваат жестоки алкохолни пијалоци, вино и само два вида пиво. Продавачите при купување од муштериите бараат дипломатска легитимација.

Отворањето на продавницата се поклопува со најавите за нови правила со кои се регулира продажбата на алкохол на дипломатите за да се „потисне некотролираниот увоз преку дипломатски пратки“.